Црните страници на УДБА или ЕВАНГЕЛИЕ ПО Д-Р „МАРТА“

Пишува: Спектатор

На 13.409 страници уредникот на изданието, д-р „Марта“, пропуштил да ја каже целата вистина – да каже кој, кога и што правел, кој бил педофил, кој уценувал, кој заплашувал и кој бил Радар“, Балтазар“, Рошомон“, ЗИК“, Тарзан“, Петрин“… не кажал дека досието Темел“ не е оформено за да се обработува партијата на д-р „Марта“, туку да се разобличи дејствувањето на КСИО (Комисијата за стратегиски истражувања и операции на ВМРО-ДПМНЕ) како парамилитантна формација, во чии рамки постоела и специјална полиција која ја раководел братот на Лисиче“. Оваа работа им е позната како бел ден на Доктор Марта“, на покојната Дама“, на политички дискредитираниот Мона Лиза“, како и на парламентарниот тепач од 27-ми април Паун“

Еден удбаш од старите добри времиња, вработен во „ушно“ одделение (за прислушкување) во битолската Служба за безбедност и контрола (патем, на работа секогаш беше облечен во бел мантил!) вели вака: „Никогаш не можев да помислам дека ќе се распадне Југославија, дека Кубуро ќе ја затвори кафеаната и дека Службата ќе дојде на ова дереџе“. Текстов е токму за еден од сегментите на уништување на Управата за безбедност и контрола како институција. Нејсе.

„Црните страници на УДБА”, книга на Државниот архив, беше промовирана во втората половина на минатата година. Издавач е „Марта“, алијас актуелниот директор на државниот архив Филип Петровски.

Мамутското издание е отпечатено во голем формат на 13.409 страници, а како одговорни уредници и составувачи се јавуваат споменатиот д-р „Марта“ и оној… активистот на ГДОМ… мислам го викаа д-р Александар Даштевски.

Се работи за 16 книги распоредени во 9 тома. Првиот том има два дела и носи наслов „Елиминација на ВМРО по 1945 година“. Вториот том е едноделен, го обработува Информбирото. Третиот и четвртиот том се исто така едноделни, а ги обработуваат „Помалку познатите судбини“ и „Ченто и Доцев на удар“. Петтиот и шестиот том се дводелни и на одреден начин ги обработуваат „Емиграцијата – државен непријател број 1“ и „Уметноста на мета“. Седмиот том е троделен и во него се обработуваат „Борците за независна и обединета Македонија“. Осмиот и деветтиот том се дводелни, а содржина на истите е „Следењето, обработката и обидите за растурање на ВМРО“ и

Лустрацијата – недовршен процес“

Во сите шеснаесет книги предговорот на 21 страна го има напишано д-р „Марта“ и во основа претставува копи-паст текст. Книгите се продаваат по 15.000 денари, а во случај да се плати веднаш, може да се набават за 13.500 денари. Тиражот е 300 примероци. Значи, доколку би се продале сите примероци би се остварил приход од 4,5 милиони денари или околу 73.000 евра. Симптоматично и за анализа се средствата кои се обезбедени за печатење на споменатата едиција. Да се од приватен џеб? Не ќе да се. За вакво раскошно издание мора да е нурнато во државната каса, од парите на даночните обврзници.

Покрај ова издание, во експозитурите на Државниот архив низ Републиката се продава, по цена од 200 денари – Патриотски календар за 2017 година – илустриран со фотографии од контраверзните Андон Ќосето, Митре Влаот, Тодор Александров, Донка Ушлинова, Борис Сарафов… кој до коега… се разбира, пак со парите на граѓаните.

Во „Црните страници на УДБА“ и во „Патриотскиот календар“ преовладуваат мисли од германскиот филозоф Шелинг, како на пример: „Физичките настани можат материјално да го разорат некој народ, но не можат да му го одземат неговото предание, неговото сеќавање и целото негово минато“. (Убава мисла, меѓутоа секој различно ја преживува). Или пак, презентирани се одредени мисли на „мудрите и опитните“ како: „Народот кој ќе го заборави своето минато, нема иднина“; Стара кинеска мудрост: „Погледни го огледалото за да знаеш како да се облечеш. Погледни ги луѓето за да го разбереш доброто и злото. Погледни ја историјата за да ја разбереш благосостојбата и пропаста“.

Е то бе д-рМарта“!

Ај да се погледнеме во огледало, да се погледнеме сите граѓани, да ја погледниме историјата и да ја разбереме и благосостојбата и пропаста.

Кога д-р „Марта“ говори за овие работи, треба да се има на ум дека постои оружје кое е многу пострашно од клеветата, тоа е – вистината! Во таа конотација – едиции за самопромоција не минуваат на огледало, а уште помалку кај граѓаните.

Кај и да е, ќе дојде едно убаво есенско утро кога ќе се дознае кој, кога и што правел, кој бил педофил, кој уценувал, кој заплашувал и кој бил „Радар“, „Балтазар“, „Рошомон“, „ЗИК“, „Тарзан“, „Петрин“ и така натаму. Треба да знае д-р „Марта“ дека постои и дополнителна документација и што е најважно за него и за неговата збирштина, дека за одредени збиднувања и настани сѐ уште постојат живи луѓе, кои (види богати!) ќе соберат храброст, па можеби и ќе ја кажат вистината.

Моево писание (апсолутно!) не одговара на стратегиските определби на д-р „Марта“ & Co., зашто го потсетуваме на неколку вистини:

Досието Темел“

не е оформено за да се обработува партијата на д-р „Марта“, туку да се разобличи дејствувањето на КСИО (Комисијата за стратегиски истражувања и операции на ВМРО-ДПМНЕ) како парамилитантна формација. Неа ја раководеле „Кенгур“, „Лисиче“ и „Швркнат“. Организационо била поставена на територијален принцип со инкорпорирани разузнавачки, координативни и аналитички функции. Прибраните и обработените сознанија се складирале во архивите на КСИО. Во нејзините рамки егзистирала и специјална полиција која ја раководел братот на „Лисиче“. Оваа работа им е јасна како бел ден на д-р „Марта“ како и на покојната „Дама“, политички дискредитираниот „Мона Лиза“, како и парламентарниот тепач од 27-ми април „Паун“.

Д-р „Марта“ се потрудил да создаде мастадонтско писание, по негов терк и за потребите на неговата партиска структура и на креатурите кои не признаваат ништо друго освен самите себе, а другите ги есапат како предавници. Затоа во 9-томното издание не зуцнал низ збор за тоа.

Многу, многу е симптоматично како на пример во лустрираните го нема таткото на Сашо Мијалков покојниот Јордан. Или, како го нема адвокатот Маријан Гавриловски, сопруг на актуелната директорка на Управата за извршување санкции, Лидија Гавриловска, кога целокупното негово опкружување составено од Добри Величковски, Живко Ѓоргиевски и Ѓорги Видов е лустрирано по два пати, а некои од нив се починати!

За одбележување е

Лицето „Пандан“

кое се прикажува како маченик за Македонија. Ееееј, докторе „Марта“ не ќе да го имаш добро разгледано тоа досие. Каде е бре тука неговата своерачно потпишана изјава за соработка со УДБА?! Каде е дискетата од произнесувањата на „Пандан“ во аудио и видео форма? Некој ги има овие работи… и ќе ги каже. Е тогаш ќе можат граѓаните да донесат оценка и за благосостојбата и за пропаста.

Во „Црните страници на УДБА“ дури има и такви работи, каде актуелни сегашни началници и нивни заменици во УБК се посочени како „извори на сознанија“ да не речам кодоши на УДБА-та.

Битола во лустрацијата партиципираше со 31 лице или 25% од сите лустрирани! Во таа бројка има доктори, адвокати, поранешни министри, полициски началници…некои и починати. Од нив околу 90% беа по два пати лустрирани иако Вишиот управен суд ги укинал решенијата на Комисијата за верификација на фактите, односно биле одлустрирани, за век и веков. Од каде тоа право „Марта“ и другите Марти и слични нему, да ги објавуваат досиејата од лустрацијата, кога за таквите лица е завршен судскиот лустрациски процес? Правда е тоа, или толкување по видувањата на „Марта“&company?

На крај, бидејќи посоченото издание е извртоперена работа и креација на самобендисани луѓе, ќе си земам слобода и јас да креирам одредени мисли од „Гавранот“ на Едгар Алан По:

„Речи и на мојава душа, која јадови ја гушат, дал повторно ќе ја гушка власта вљубен взор, грак се слушна NEVERMORE!

Текстот е преземен од „ЕГО“

Прочитајте повеќе

Пендаровски

Зошто пак ќе гласам за Пендаровски

Со изборот на Стево Пендаровски и коалицијата за членство во ЕУ, современиците имаат историска шанса, …