Минатиот викенд во Скопје се одржа Државното карате првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година. На ова првенство, прилепскиот карате клуб „Бонсаи“ учествуваше со 15 натпреварувачи, при што освои 12 медали, од кои 7 поединечно во кати и 5 екипно во борби.

Со медали се закитија:

  1. Матеа Талеска 1 место кати јуниорки до 21 г.
  2. Огнен Тодороски 3 место кати јуниори до 21 г.
  3. Кристина Каламукоска 3 мести кати јуниорки
  4. Никола Јолески 3 место борби јуниори до 21 г.  – 84 килограми
  5. Андриана Мирческа 3 место борби јуниорки  + 54 килограми
  6. Вероника Кукеска 3 место борби јуниорки  – 48 килограми
  7. Теодора Тодороска 3 место борби јуниорки  – 59 килограми
  8. Мери Дамеска 3 место екипно борби
  9. Јована Талеска 3 место екипно борби
  10. Андриана Мирческа 3 место екипно борби
  11. Вероника Кукеска 3 место екипно борби
  12. Теодора Тодороска 3 место екипно борби

Седуммина каратисти на „Бонсаи“ се стекнаа со право да учествуваат на Балканското првенство, кое што од 30 ноември до 2 декември ќе се одржи во Дубровник, Хрватска.