12 најуспешни дипломирани инженери добитници на признанието „Инженерски прстен“

12 најуспешни дипломирани инженери добитници на признанието „Инженерски прстен“

Претседателот Стево Пендаровски денеска го врачи признанието „Инженерски прстен“ на 12 најуспешни студенти кои дипломирале на факултетите што негуваат инженерски дисциплини во Република Северна Македонија.

Овогодинешни добитници на признанието „Инженерски прстен“ се:

  • Ана Јанкуловска, Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје;
  • Ана Тодорова, Градежен факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје;
  • Стефани Јосифовска, Машински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје;
  • Небојша Левковски, Технолошко металуршки факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје;
  • Дамјан Петровски, Факултет за земјоделски науки и храна, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
  • Андреј Миловановиќ, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје;
  • Бисера Доневска, Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје;
  • Наум Димитриески, Факултет за електротехника и информациски технологии, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје;
  • Блерина Зендели,  Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје;
  • Теодора Петкоска, Природно математички факултет,  Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје;
  • Стојче Речаноски, Електротехнички факултет,  Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип и
  • Марија Стојаноска, Технички факултет, Универзитет „Климент Охридски“ – Битола.

Манифестацијата „Инженерски прстен“ се одржува по 19. пат во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија.

Во продолжение обраќањето на претседателот Пендаровски:

Прочитајте повеќе

Еврокомесарот за одбрана предупредува на руски напад

Еврокомесарот за одбрана предупредува на руски напад

„Се складираат безброј тенкови и секако се прашувам: Зошто Русија го прави ова?“, вели новиот …