ЈП за државни патишта заврши со осветлување на 12 километри од автопат А2 и А4

ЈП за државни патишта заврши со осветлување на 12 километри од автопат А2 и А4

ЈП за државни патишта заврши со осветлување на дел од автопат А2 и А4 во вкупна должина од 12 километри. Притоа пуштено во функција е осветлувањето на делниците:

  • Делница клучка Хиподром – клучка Белви – клучка Илинден, каде е осветлена патна делница во должина од 5, 5 километри
  • Делница клучка Хиподром – клучка Кадино, каде е осветлена патна делница во должина од 6, 5 километри

Вкупно се поставени 276 канделабри со 585 светилки.  Вредноста на инвестицијата е  61 милион денари,  средства кои се обезбедени од буџетот на  Јавното претпријатие за државни патишта.

Целото осветлување е управувано од централен систем за мониторинг од каде е овозможено во реално време да се врши далечинска контрола во зависнот од интензитетот на сообраќајот и временски услови на патните делници.

Исто така преку системот се врши детектирање и алармирање во случај на настанат дефект, кој помага во добивање навремена информација заради брзо отстранување на дефектот, преку што се обезбедува подобра безбедност на сообраќајот во ноќните часови.

На овие делници во системот се интегрирани и шест мини метеоролошки станици кои ја мерат температурата, влажноста и притисокот на воздухот, а постојат и услови за дополнително поставување на сензори за мерење на температурата на коловозот.

Сите овие информации и параметри од уредите на системот за мониторинг, управување и контрола на осветлувањето, се зачувуваат во посебна база на податоци и истите се користат за понатамошни анализи за поефикасно превентивно и периодично одржување, се’ со цел за зголемување на животниот век на поставената опрема и намалување на трошоците за одржување во периодот на експлоатација на објектите.

Прочитајте повеќе

Македонските ученици речиси „неписмени“, покажа меѓународно тестирање по математика и природни науки

Македонските ученици речиси „неписмени“, покажа меѓународно тестирање по математика и природни науки

Од 58 држави, во математичка писменост, македонските ученици се на 44 место. Во природни науки …