1ТВ во Будимпешта: Груевски еден од 20.000 ВИП азиланти на Орбан

1ТВ во Будимпешта: Груевски еден од 20.000 ВИП азиланти на Орбан

Екипата на 1ТВ во Будимпешта се јави од пред една од канцелариите на премиерот Виктор Орбан. Зградата се наоѓа веднаш спроти Парламентот и според информациите до кои дошле, токму во неа се наоѓа една од повеќето канцеларии на унгарскиот премиер.

Екипата се обидела да влезе и да го побара Орбан лично, но службите ги информирале дека во моментот се наоѓа во Парламентот. Новинарката Кристина Атовска имаше можност да разговара со лидерот на опозицијата, Демократската коалиција.

Нивниот став за ова прашање е дека Унгарија не смее да биде држава која штити криминалци, иако во моментов, според нивните изјави има токму таква пракса. Како што најавиле, ќе се обратат до ЕУ и до сите засегнати европски институции за да преземат нешто во врска со однесувањето на премиерот Виктор Орбан.

Според опозицијата, вакви постапки прават само недемократски, авторитарни и банана држави, а не држави членки на ЕУ и како што велат, не сакаат Унгарија да штити криминалци.

За праксата на Виктор Орбан велат дека тој ги селектира азилантите и постојат ВИП мигранти кои не седат во затворените зони, туку не само што се слободни, туку и под силно полициско обезбедување, како што е случајот со Груевски.

Опозицијата има сознанија дека Виктор Орбан, за жал, со полицијата ги штити ваквите криминалци, кои според нив, си ги плаќаат слободата и азилот. Тие направиле споредба со еден друг случај, кога осудени лица од С. Арабија побегнале и дошле во Будимпешта, а Виктор Орбан не само што им дал азил, спротивно на процедурите, туку им пружил и полициска заштита.

Според изворите на екипата на 1ТВ, Орбан истото го прави и со Груевски, а ваквите ВИП мигранти си ја плаќаат цената, но изненадува бројката дека станува збор за околу 20.000 лица, кои не бегаат од војна, туку сториле некакво кривично дело и знаат дека во Унгарија можат да си ја купат слободата.

Извор: 1ТВ

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …