Кети Смилеска: Македонија не може да чека уште 27 години

Кети Смилеска: Македонија не може да чека уште 27 години

Прес конференција на Кети Смилеска, пратеник, Коалиција „Заедно ЗА европска Македонија“:

Почитувани граѓани,

Време е за одлука. Време е да изградиме држава по европски правила.

Не можеме и не смееме да чекаме уште 27 години.

Европа ни ги отвора вратите да бидеме дел од европското семејство, како македонци со заштитен македонски јазик и идентитет.

Сега е нашата шанса да го спречиме иселувањето на младите со пасоши на туѓи држави.

Сега е шансата да ја донесеме Европа тука во Македонија, во Прилеп.

Нашите европски пријатели одделуваат 90 милиони евра годишно помош за Македонија. Како што ќе течат преговорите со ЕУ така ќе расте поддршката.

Фондовите значително ќе се зголемуваат. Тоа значи повеќе пари за земјоделието, за инфраструктура, за патишта, железници, училишта.

Повеќе европски пари за реформи во правосудството, во полицијата.

Македонија ќе биде држава по европски стандарди. Рамноправна со најмоќните држави, членки на НАТО и ЕУ.

Драги прилепчани, патриотизам е кога им го градиш патот на идните генерации, правејќи држава признаена од сите на која граѓаните се горди, притоа не штедејќи се себеси.

Затоа силно веруваме во успех на референдумот. Затоа што си ја сакаме Македонија и сакаме подобра иднина за нашите деца, внуци и поколенија.

После референдумот, пратениците во Собранието треба да ја почитуваат одлуката на мнозинството од граѓаните кои гласале.

Затоа, секој граѓанин треба да излезе, да гласа и со тоа да одлучува за иднината на Македонија.

На 30-ти септември да ја искористиме историската шанса и да обезбедиме, стабилна, безбедна и развиена европска Македонија.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …