СДСМ Прилеп: Екс градоначалникот Ристески дозволил да пропаднат 100 милиони денари од ненаплатени комунални такси

СДСМ Прилеп: Екс градоначалникот Ристески дозволил да пропаднат 100 милиони денари од ненаплатени комунални такси

Прес конференција на Елена Ташкоска, член на Советот на Општина Прилеп од редовите на СДСМ и коалицијата:

Со секој нов ден, на виделина излегуваат нови докази за катастрофалните последици од 12 годишното владеење на Марјан Ристески и ВМРО-ДПМНЕ.

Во многу наврати досега сме предупредувале, дека Ристески неодговорно и популистички ги троши парите на граѓаните. За тоа, впрочем, постојат бројни примери, заради што против поранешниот градоначалник и неговите соработници беа поднесени неколку кривични пријави.

На последната седница, Советот на Општина Прилеп донесе одлука да изврши траен отпис на побарувањата од правни лица и самостојни вршители на дејност во висина од над 100 милиони денари, или близу 1 милион и 700 илјади евра. Тоа го направи по препорака на Државниот завод за ревизија, а со цел да не се создава лажна слика за реалните финансиски состојби во Општината.

Имено, станува збор за побарувања на Општината од фирми кои се избришани од Централниот регистер, а кои Марјан Ристески и неговите соработници не успеале да ги наплатат во периодот од 31.12.2006 до 31.12.2017 година.

Од една страна ја задолжувал Општината со кредити, од друга, случајно или намерно, вршел селективна наплата на комуналните такси.

МВР и Основното јавно обвинителство во рамки на своите надлежности треба да истражат зошто Марјан Ристески дозволил да пропаднат 100 милиони денари, пари од граѓаните на Општина Прилеп.

За ваквиот селективен пристап со наплатата на комуналните такси, одговорност мора да има!

Новата локална власт предводена од СДСМ се грижи за секој потрошен денар и покрај наследениот финансиски хаос и долгот од 3.5 милиони евра, успеа непречено да ги испорачува обврските кон граѓаните и реализираше серија на инфраструктурни зафати.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …