„3Д“ пешачки премини на улиците во Скопје

„3Д“ пешачки премини на улиците во Скопје

“3Д“ пешачки премини на скопските улици. Ова е пилот – проект, кој ќе се користи на неколку места, за да се спречат сообраќајните незгоди. Тридимензионалната форма на пешачките премини се нацртани кај Музејот на современата уметност. Директорот на улици и патишта, Сенад Смаиловиќ, вели дека овие цртежи создаваат оптичка илузија кај граѓаните.

Додава дека на возачите им се причинува дека има пречки на пат и затоа ја намалуваат брзината на движењето со своите автомобили. Според Смаиловиќ, ова е проба за да се види дали ќе функционира во зголемувањето на безбедноста на пешаците.

Такви линии се ставаат и на улицата Борис Сарафов, каде пред една недела настрада десетгодишно дете. Освен оваа акција, предвидено е на улиците да се постават и радари.

Извор: ТВ21

Прочитајте повеќе

Судење: Одбраната негира градежни пропусти за „Пулс“

Судење: Одбраната негира градежни пропусти за „Пулс“

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, одбраната на обвинетите градежни инспектори истакна дека …