Миле Талевски: Граѓаните на Прилеп покажаа огромен интерес за субвенциите за инвертори и велосипеди

Миле Талевски: Граѓаните на Прилеп покажаа огромен интерес за субвенциите за инвертори и велосипеди

Прес конференција на Миле Талевски, претседател на ОО СДСМ – Прилеп:

Почитувани,

Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Јованоски, е силно посветена на борбата против загадувањето на воздухот во општина Прилеп.

За остварување на таа цел, презедовме серија на мерки, помеѓу кои и субвенционирање, односно надоместување на дел од трошоците на граѓаните за купување клима уреди – инвертори и велосипеди, за што издвоивме 6.000.000 денари од општинскиот буџет.

Околу 400 граѓани ќе добијат субвенции до 10.000 денари од трошоците за набавен клима уред и исто толкав број на граѓани ќе добијат надомест до 5.000 денари за набавен велосипед.

Јавниот повик е објавен и ќе трае до 3 април 2020 година, до кога граѓаните ќе можат да аплицираат за искористување на оваа мерка.

Огромниот интерес за набавка на инвертори и велосипеди, потврдува дека донесената мерка е вистински погодок и во интерес на граѓаните.

Со ова, ги поттикнуваме нашите сограѓани да ја намалат употребата на нееколошки енергенси за загревање, дрва, јаглен и нафта, како и што помалку да ги користат автомобилите.

Додека ВМРО-ДПМНЕ и претходната власт предводена од Марјан Ристески, цели 12 години го игнорираа загадувањето на животната средина, ние за само 2 и пол години покажавме дека интензивно работиме на обезбедување почист воздух во нашиот Прилеп.

Покажавме дека заштитата на здравјето на граѓаните, е високо поставена на нашата агенда.

Тоа е правиот пат, кој граѓаните ќе го потврдат на 12 април.

Прочитајте повеќе

Мицкоски

Што договараше Мицкоски „под радар“ на екскурзијата во Брисел?

Соопштение за јавност на СДСМ Што точно договараше Христијан Мицкоски во Брисел додека беше на …