500 оценувачи прегледуваат тестови на 15.553 матуранти
Hand writing

500 оценувачи прегледуваат тестови на 15.553 матуранти

Околу 500 оценувачи-професори по предметите кои беа дел од државната матура, деновиве ги прегледуваат тестовите што матурантите ги полагаа од почетокот на овој месец.

Бети Ламева, раководителката за матура во Државниот испитен центар (ДИЦ) информира дека според правилникот, резултатите треба да се објават до 13 јули.

– Но, правиме напори учениците да ги имаат резултатите пред овој датум – кусо изјави Ламева.

Годинава за полагање матура се пријавија вкупно 15.553 ученици oд гимназиско и од средно стручно образование. Во процесот на реализација на матурата во училиштата беа ангажирани и 2.388 наставници како тестатори и околу 200 набљудувачи. Новина годинава беше тоа што есејот по мајчин јазик за првпат беше на слободна тема, а не од конкретен литературен правец.

– Учениците рекоа дека темата за есејот била слободна, односно имале избор да изберат меѓу две, едната била поврзана со статусните симболи и младите, а другата околу факултетската диплома, дали таа значи успех во животот. Немаше негативни реакции по полагањето, баш напротив, децата беа задоволни – вели Тамара Ќупева, професорка по македонски јазик во гимназијата „Орце Николов“.

Државната матура е услов за упис на факултет. Таа се полага во два испитни рокови – јунски и августовски. Во августовскиот испитен рок полагаат оние матуранти кои во јунскиот испитен рок не положиле или дел или сите испити од државната матура, односно од оправдани причини не полагале државна матура, или пак, им била изречена мерка прекинување (отстранување) од испитот.

Оние ученици кои нема да бидат задоволни со резултатот од државната матура, имаат право да поднесат приговор. На веб-страницата matura.gov.mk, во упатството за поднесување приговор е наведено дека кандидатот што приговара, треба да уплати 1.500 денари за приговорот. Ако тој му е прифатен од Државниот испитен центар, парите ќе му бидат вратени.

Датумот за поднесување приговори ќе биде објавен заедно со резултатите од тестирањето.

МЕТА

Прочитајте повеќе

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Со сведочење на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, во Основен кривичен суд Скопје продолжи судењето …