77 години од загинувањето на народниот херој, прилепчанецот Кузман Јосифоски-Питу

Со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Кузман Јосифоски-Питу во центарот на Прилеп, како и пред неговите спомен бисти во истоименото училиште и Алејата на народните херои, денеска беше одбележана 77 годишнината од загинувањето на народниот херој.

Согласно мерките за заштита од коронавирусот и во помал број, делегации од Општина Прилеп, општинскиот Совет, средното економско училиште и Сојузот на борци од градот, се поклонија пред спомен обележјата на Кузман Јосифоски-Питу, оддавајќи достојна почит на неговото револуционерно дело. Кузман Јосифоски-Питу, е идеологот и еден од најзаслужните за организирањето на НОБ и антифашистичкото движење во Македонија. Тој е иницијаторот и главен организатор на Првото заседание на АСНОМ, како и
автор на неговите државотворни документи.

Роден е во Прилеп на 23 јуни 1915 година, а загинал во Скопје на 25 февруари 1944 година, погоден од куршум на бугарски војник.

Прочитајте повеќе

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во …