Претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне претежно сончево време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието и во источните делови. Дневната температура ќе се движи од 0 до 9 степени Целзиусови.
До четврток времето ќе биде стабилно и суво, а во следните два дена со ниски утрински температури. Влажен бран со врнежи од снег се очекува во четврток во ноќните часови и во петок претпладне. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови, каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во централниот и долниот дел на Повардарието. Потоа следува период на многу студено време.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место