Времето денеска ќе биде претежно сончево, со слаб ветер од променлив правец. Дневната температура ќе се движи во интервалот од 5 до 12 степени Целзиусови.
До среда ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на температурата. Од четврток ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на студена воздушна маса, во петок врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места. Температурите повторно значително ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој период од годината.