Состанок на Македонско-бугарската мешовита комисија за историја

Македонско-бугарската мешовита комисија за историски и образовни прашања, како што изјави за МИА копретседавачот од македонска страна Драги Ѓоргиев, ќе заседава денеска и утре за забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за македонските учебници по историја за седмо одделение. Тој оцени дека работата на Комисијата се одвива во позитивна атмосфера и доколку така продолжи, според него, ќе дојде до приближување на ставовите. Во однос на прашањето за Гоце Делчев, кое се дискутира од аспект на заедничкото чествување, Ѓорѓиев смета дека тоа ќе се отвори на претстојните разговори доколу остане време.

Бугарскиот премиер Кирил Петков деновиве изјави дека од бугарскиот дел до Историската комисија добил известување оти е постигнат напредок за важни историски личности во разговорите со Скопје и за надминување на разликите. „Комисијата за историја ме извести за некои важни историски личности и нивниот третман. Ќе ви дадам некои детали. Дојдовме до напредок по тие прашања, на многу конструктивен и реалистичен начин којшто ни отвора можност за забрзување на нашите преговори. Секако ќе ми треба прво да добијам јас и моите коалициски партнери целосен извештај од Комисијата, но штом добиеме извештај тоа ќе оди многу брзо“, рече Петков.

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …