Битиќи: Врвен приоритет за Владата и СДСМ е подобрување на животниот стандард на граѓаните, платите ќе се усогласат со растот на минималната плата

Битиќи: Врвен приоритет за Владата и СДСМ е подобрување на животниот стандард на граѓаните, платите ќе се усогласат со растот на минималната плата

Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи, во интервју за емисијата „Утрински Брифинг“ посочи дека за Владата и за СДСМ, подобрувањето на животниот стандард на граѓаните е највисок можен приоритет.

„Напоменуваме дека просечната плата порасна од 21.000 на 30.000 денари веќе со последната просечна плата. Минималната плата исто така. Усогласувањето рековме дека ќе го има, но, притоа мораме сите да сме свесни за состојбите во кои се наоѓаме. Истовремено, исходот на преговорите за минимална плата имаше 3 резултати. Прво, зголемена минимална плата, второ консензус дека ќе има усогласување, дека за усогласувањето ќе се применува членот 8-А, кој што дава период од 6 месеци. Сите чинители таму рекоа „Да“, го прифаќаме тој предлог вклучително и СОНК и КСС и другите“, рече Битиќи.

Осврнувајќи се на генералниот штрајк на СОНК, потпретседателот Битиќи истакна дека правото на штрајк е загарантирано, но и дека тој лично смета оти овој синдикат не им дал шанса на преговорите.

„Генерален штрајк очигледно е започнат. За жал сметам дека не се даде шанса доволно на преговорите од страна на СОНК. И покрај неколкуте обиди да преговараме, сепак повикаа на штрајк иако сметам дека во одредени региони е парцијално, затоа што има региони во кои самите градоначалници повикаа воспитно образовниот процес сепак да продолжи, затоа што децата треба да бидат приоритет а за сето друго се наоѓа решение на маса, на преговори. Во економско-социјалниот совет беа вклучени и СОНК и КСС, иако не се репрезентативни синдикати. На преговорите за минималната плата се договоривме дека усогласувањето ќе се врши во рок од шест месеци, но сепак после само три дена тие најавија дека на 11 април ќе има штрајк“, заклучи потпретседателот на Владата, Фатмир Битиќи.

Прочитајте повеќе

Сите македонски претседатели - од Глигоров до Пендаровски

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски

Од 1991 година досега, петмина претседатели избрани од парламентот и од народот ја имале привилегијата …