Денеска сонце и топло време, за викендот нестабилно со локален пороен дожд

Денеска сонце и топло време, за викендот нестабилно со локален пороен дожд

Денеска ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи, претежно во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец а температурата ќе се движи во интервалот од 21 до 31 степен.

За време на викендот, во попладневните часови облачноста ќе биде зголемена и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Особено нестабилно ќе биде во сабота, кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на град. Максималната температура ќе достигне 29 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

Не сте само спомен, вие сте љубов, порачаа родителите на 63 жртви на годишнината од трагедијата во Кочани

Не сте само спомен, вие сте љубов, порачаа родителите на 63 жртви на годишнината од трагедијата во Кочани

Денеска се одбележува една година од катастрофалниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, во кој …