полиција полицајци

96 санкции за сообраќајни прекршоци на територија на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 96 возачи, меѓу кои 51 мерки за возење повеќе од дозволената брзина , 19 мерки за возење без возачка дозвола, 15 возачи за управување под дејство на алкохол. Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење,  четири санкции за непрописно престигнување.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од СВР Битола апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради зголемување на безбедноста во сообраќајот и заеднички придонесе за посигурни патишта.

Прочитајте повеќе

Бугарите слават „победа“, Македонци се жалат на „неправда“

Бугарите слават „победа“, Македонци се жалат на „неправда“

Усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Северна Македонија предизвика лавина реакции во Скопје и во Софија. …