Донација на стручни книги и опрема за практична настава во прилепското СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“

Донација на стручни книги и опрема за практична настава во прилепското СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“

Библиотеката  во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“-Прилеп се збогати со 29  книги со стручна литература.

Книгите се донација од Министерството за образование и наука, а наменети се за  зголемување на квалитетот во наставата и потребите на училиштето. Благодарение на Владата, учениците ќе имаат можност брзо и лесно да стигнат до најсовремената стручна литература од светски познати автори, а ќе ја имаат и можноста за надоградување на  стручените способности и вештини во економската  област.

Меѓу насловите достапни за учениците, вработените и заинтересираните за економија, право и трговија, се наоѓаат „Економија на јавниот сектор“-Џосеф И. Стиглиц, „Современо банкарство“-Шила Хефернан, „Економија во здравството“-Пол Џ.Фелдштајн, „Инвестиции“-Зви Боди, Алекс Кејн, Ален Џ. Маркус, „Стратегиски менаџмент: Конкурентност и глобализација“-Мајкл А.Хит, Р.Двејн Ајрленд, Роберт Е.Хоскисон и многу други.

МОН им овозможи на учениците практичната настава да добие реални параметри. Благодарение на проектот SKILLS, опремена е една училница со 10 компјутери кои се надоградени со професионален софтвер за сметководство наменет за практична настава, како и со фискална каса и читач на бар кодови.

Учениците веќе ја имаат реалната опрема неопходна за нивно стручно оспособување. Училиштето и понатаму ќе се залага за осовременување на наставата и следење на најновите истражувања од областа на економијата, со цел учениците да се стекнат со применливи знаења и вештини. На тој начин, СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ ќе продуцира квалитетни и работоспособни генерации кои ќе вложуваат во правото, економијата и трговијата.

Прочитајте повеќе

Не вдишувајте! Како чадот од шумски пожар „влијае на целото тело“?

Не вдишувајте! Како чадот од шумски пожар „влијае на целото тело“?

Истражувачите почнуваат да го разбираат долгорочното влијание на изложеноста на чад од шумски пожари врз здравјето на …