Со трката „Чупино Winter Vertical 2020“, започна националната лига во skyrunning

Членовите на ОК „Златоврв“ ја отворија сезоната 2020 со победа на второто издание на „Чупино Winter Vertical 2020“. Стартот на минатонеделниот натпревар беше во с.Блатец, Виница, а финишот на самиот врв Чупино, на 1.725 метра надморска височина. Тоа беше првото коло од националната лига во skyrunning.

Трката имаше должина од 5 километри, со висинска разлика, односно искачување од 1.000 метра. Бројот на учесници беше лимитиран на 100.

Златото на „Чупино Winter Vertical 2020“ му припадна на Михајел Ван Бален, член и тренер во ОК „Златоврв“, со време 50 минути и 54 секунди. Дејан Ангелоски од Охрид го освои второто место, со време од 51 минута и 48 секунди, додека на третата позиција заврши Александар Кирковски од ПК „Македон“ од Скопје. Ангелоски и Киркоски се дел од националниот тим во skyrunning.

Во женска конкуренција, првото место и’ припадна на Сања Најдовски од „Trex“,Скопје, второпласирана беше прилепчанката Елена Ртоска од ЗАПС „Единак“, третопласирана Марија Пеликон од Скопје.

Следното коло од skyrunning лигата ќе се одржи во април, во Прилеп, на планината Козјак.

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …