Абазовиќ го предложи составот на новата црногорска Влада

Мандатарот Дритан Абазовиќ предложи состав за нова Влада на Црна Гора. Црногорскиот Парламент на 28 април треба да се изјасни за предлозите на Абазовиќ.

Според предлогот, новата Влада треба да има 18 министерства, четири потпретседатели и два министри без ресор.

Владата треба да ја сочинуваат Граѓанското движење УРА на Абазовиќ, просрпската Социјалистичка партија, Социјалдемократската партија и националните партии на Албанците, Бошњаците и Хрватите.

Партиите кои треба да ја формираат владата имаат вкупно 16пратеници во Собранието, а ќе имаат парламентарна поддршка од 30 пратеници на Демократската партија на социјалистите на претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, која нема да има претставници во новата Влада.
Собранието има 81 пратеник.

Црна Гора речиси три месеци бира нова Влада откако на 4 февруари Собранието и изгласа недоверба на Владата на премиерот Здравко Кривокапиќ. Три дена подоцна му беше изгласана недоверба и на претседателот на Собранието Алекса Бечиќ.

Пред Собранието да избере нова Влада, ќе гласа за избор на нов претседател на Парламентот.

Прочитајте повеќе

Земјотрес со јачина од 5,4 степени во Црна Гора, почувствуван и во Македонија и регионот

Од црногорскиот завод подоцна информираа дека по главниот земјотрес, следувале уште 30 помали Земјотрес со …