Адеми: Пет отсто повисоки плати за наставниците од септември

Адеми: Пет отсто повисоки плати за наставниците од септември

Во 2019 година, вкупно за образование ќе се трошат 26,1 милијарда денари, што е зголемување на буџетот за седум отсто повеќе од лани. Парите ќе се трошат меѓудругото, и за повисоки плати за наставниците, информира на брифинг со новинарите денеска министерот за образование и наука, Арбер Адеми.

– Минатата година имаше зголемување на платите за пет отсто, а за уште пет отсто ќе се зголемат и од следната учебна година. Освен во основното и во средното образование, зголемување на платите ќе има и во високото образование. Најголем дел од парите, 16,3 милијарди денари, ќе се трошат во основното и во средното образование, а исто така, ќе се инвестира и во нова математичко-информатичка гимназија – рече Адеми.

Од буџетот за образование, една милијарда денари повеќе ќе има и за блок-дотациите, кои министерството им ги дава на општините, а се наменети за училиштата. За високото образование, министерот информира дека ќе се трошат 6, 45 милијарди денари.

– Ќе се вложува во инфраструктура, ќе се градат нови учлишта и нови спортски сали, а предвидени се пари и за универзиетот „Мајка Тереза“. Одредивме и локација за оваа високообразовна институција, таа ќе биде сместена во касарната „Илинден“. Ќе вложуваме и во обнова на сите студентски домови, а заедно со Министерството за финансии ќе разгледаме кои домови се приоритетни за обнова, иако речиси сите се соочуваат со потешкотии – изјави Адеми.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …