Адријано Котевски го „печеше“ тренерскиот занает кај ракометниот маг Хуан Карлос Пастор

Адријано Котевски го „печеше“ тренерскиот занает кај ракометниот маг Хуан Карлос Пастор

Прилепскиот ракометен тренер Адријано Котевски, имаше ретка можност една недела да присуствува на тренинзите на унгарскиот шампион „ПИК Сегед“ и да ја следи работата на докажаниот шпански стратег, Хуан Карлос Пастор.

Адријано Котевски го „печеше“ тренерскиот занает кај ракометниот маг Хуан Карлос Пастор„Присуството на тренинзите кои ги водеше славниот шпански ракометен тренер Хуан Карлос Пастор, за мене се од непроценлива вредност. Пастор е исклучително почитувано тренерско име во светот на ракометот, кој создал и тренирал голем број ракометари од врвот на светскиот ракомет. Се надевам дека ќе имам можност стекнатото искуство и знаење за време на еднонеделниот престој во Унгарија, да го применам во македонскиот ракомет“, вели Котевски.

Котевски, кој следниот месец треба да ја добие Мастер Коуч лиценцата, до крајот на минатата сезона беше дел од стручниот штаб на тимот на РК „Прилеп“, како асистент на првиот тренер Горан Кузманоски.

Претходно, како тренер на младите категории во РК „Прилеп“, забележа резултати достојни за почит: во сезоната 2017/2018, со кадетската екипа стана државен првак, следната 2018/2019 година ја освои вицешампионската титула, додека во натпреварувачката 2019/2020 година ја врати сениорската екипа од Првата во македонската Суперлига.

Она што треба да се потенцира, е дека во 2018 година, кога на РК „Прилеп“ му се закануваше бришење од ракометната мапа, Котевски беше еден од ретките кој со лично залагање придонесе клубот да опстои и денеска да се натпреварува во Суперлигата и притоа да продуцира ракометари за кадетската и младинската државна репрезентација.

Во 2019 година, во изборот на Општина Прилеп за најдобри спортисти, клубови и спортски работници, Адријано Котевски беше прогласен за најдобар тренер со млади категории.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

Воспоставувањето на паралелни структури кои ја поткопуваат севкупната безбедност и стабилност на земјата се против …