Аеродром воведува родова перспектива во програмите

Аеродром воведува родова перспектива во програмите

Дел од вработените во администрацијата на Општина Аеродром,  деновиве беа обучени како да воведат родова перспектива во своите програми, што во следната фаза ќе помогне за родово одговорно буџетирање.

Знаењата што беа стекнати на обуката преку практични и стратегиски вежби, дефинирање на соодветни индикатори и мерки на работилницата, општинската администрација во иднина ќе може да креира родово избалансирани политики, а на тој начин и жителите на Општина Аеродром ќе добијат еднакви можности и подобри услови за живот.

Обуката беше спроведена во рамки на проектот „Промоција на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида. Инаку, обуката ја следеше и дел од администрацијата на Општина Гази Баба.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …