Ахмети: Предвремени парламентарни избори не се решение

Ахмети: Предвремени парламентарни избори не се решение

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешниот прием по повод поканата од НАТО за членство на Македонија во алијансата, изјави дека предвремени парламентарни избори не се решение за моменталната политичка состојба во државата, каде во моментов опозицијата жестоко се спротивставува на барањето на Владата членовите на ДИК да се избираат со апсолутно мнозинство, наместо со двотретинско.

Опозицијата исто така бара и техничка влада за одржување на предвремени избори и референдум.
Во поглед на лидерската средба, која што ќе се случи денеска, Ахмети рече дека сите политички фактори во државата треба да соберат сили и да ги приближат ставовите.

Ахмети уште еднаш истакна дека во однос на предлог-законот за промена на избирниот законик остануваат несогласувањата со опозицијата.

Лидерот на ДУИ додаде дека нема алтернатива доколку не успее референдумот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …