Ахмети: Зa ДУИ е прифатливо претседателот да се избира во Собранието

Ахмети: Зa ДУИ е прифатливо претседателот да се избира во Собранието

Претседателот на Демократска унија за интеграција (ДУИ) вчера во интервју за ТВ 21 изјави дека за неговата партија е прифатливо претседателот на државата да се избира и во Собранието, доколку не биде обезбеден потребниот цензус на претстојните претседателски избори.

– Ние оваа тема ја потегнавме пред 10 години. Тогаш немавме поддршка од нашите меѓународни пријатели, но сега изгледа дека е оправдано да се мисли на такво нешто. Претседателот може да се избира и во Собранието, и мислам дека е тоа оправдано – рече Ахмети.

За кандидатурата на Стево Пендаровски вели дека со тоа се гради нов концепт и прв пат има заедничка кандидатура што има поддршка и од македонските и од албанските политички сили.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Мицкоски нуди компромисно решение за техничката влада

Мицкоски нуди компромисно решение за техничката влада

На лидерската средба кај премиерот Христијан Мицкоскибеше постигнат начелен договор техничката влада да се укине, со можен компромис …