Агенција за храна АХВ

АХВ казнила продавачи на сирење на пазарчето во Буњаковец и месар во Прилеп

По надзорот на пазарот во Скопје, инспекторите на Агенцијата уништиле 8 килограми сирење, 2 килограми кашкавал, 5 пакувања мед со саќе во количина од 4,5 килограми, кои немале документ за потекло

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) казнила производител на сирење и сопственик на месарница од прилепско, како и продавачи на сирење, кашкавал и мед на зелениот пазар во скопски Буњаковец.

Како што соопшти АХВ, на пазарчето во Буњаковец извршиле инспекциски надзор и казниле физички лица поради „вршење нерегистрирана дејност“.

По надзорот инспекторите на Агенцијата уништиле 8 килограми сирење, 2 килограми кашкавал, 5 пакувања мед со саќе во количина од 4,5 килограми, кои немале документ за потекло.

Контрола е спроведена и во сендвичарница на овој зелен пазар каде не се утврдени неправилности.

Оттаму додаваат дека во прилепското село Ново Лагово пронашле индивидуален земјоделец, производител на кравјо млеко и сирење кому не му била регистрирана дејноста, па му наложиле да ја регистрира.

Во градот Припел пак, АХВ парично казнила сопственик на месарница оти не водел евиденција за потрошени суровини за производство производи од месо. Казнет бил и сопственинок и фирмата.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Европска (не)перспективност пред посетата на Урсула фон дер Лајен

Европска (не)перспективност пред посетата на Урсула фон дер Лајен

Најавата за посета на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен на Северна Македонија …