Акција „Ретровирус“ на Европол: 280.000 инспекции и 102 приведени за криминален третман на медицинскиот отпад од пандемијата

Акција „Ретровирус“ на Европол: 280.000 инспекции и 102 приведени за криминален третман на медицинскиот отпад од пандемијата

Европската полиција „Европол“, преку акцијата „Ретровирус“ во која биле вклучени 30 европски држави, меѓу кои и Северна Македонија, спровела речиси 280.000 инспекции на медицински отпад, при што се приведени 102 лица за криминален третман на отпадот од борбата со ковид-19 пандемијата.

Акција „Ретровирус“ на Европол: 280.000 инспекции и 102 приведени за криминален третман на медицинскиот отпад од пандемијата
Фото: Европол

Покрај приведените лица, во акцијата на европско ниво биле покренати административни санкции за повеќе од 819 правни и физички лица, во 22 наврати бил одземен отпад, а притоа бил запленет и имот во вредност од 800.000 евра.

„Со избувнувањето на ковид-19 пандемијата, беше идентификуван потенцијален раст на незаконски третман и депонирање на санитарен отпад. Како резултат на тоа беше спроведена акцијата Ретровирус“, се наведува во соопштението за јавност на „Европол“.

Акции на властите биле спроведени во Шпанија и Португалија, при што во Шпанија биле уапсени 20 лица за криминални активности против животната средина, работничките права и јавното здравје.

Акција „Ретровирус“ на Европол: 280.000 инспекции и 102 приведени за криминален третман на медицинскиот отпад од пандемијата
Фото: Европол

Како што информира „Еуропол“, единицата за животна средина на Шпанската цивилна гарда „СЕПРОНА“ ги истражувала активностите на компанија која оперирала во Барселона, Мадрид, Мурсија, Валенсија, Тарагона и Сарагоса. Компанијата била поврзана со друга организација од Лисабон, Португалија.

„Медицинскиот отпад, собран од страна на компанијата, во нормални услови би требало да биде стерилизиран под висок притисок за да се елиминираат штетните компоненти. За да го зголеми профитот, компанијата го смалувала времето на третман на отпадот. Како резултат на тоа, отпадот не е правилно стерилизиран пред да се исфрли; неадекватен третман што претставува висок ризик за јавното здравје“, се вели во соопштението на „Европол“.

Акција „Ретровирус“ на Европол: 280.000 инспекции и 102 приведени за криминален третман на медицинскиот отпад од пандемијата
Фото: Европол

Извор: МЕТА

Во Португалија биле уапсени 30 лица и бил одземен имот во вредност од 790.000 евра, при контрола на 2.000 компании, болници и здравствени центри.

Во другите делови од Европа, властите се сконцентрирале на транспортот на санитарен отпад низ земјите-членки на ЕУ. Притоа, во Чешка, Полска, Романија и Словачка биле прегледани вакви пратки на отпад и откако биле откриени нелегални пратки, товарот бил вратен во земјата на негово потекло.

Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија сè уште нема излезено со информација околу вклученоста во акцијата „Ретровирус“.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …