Ако избегнува да го добие решението за одење во „Шутка“, по Груевски ќе биде распишана потерница

Ако избегнува да го добие решението за одење во „Шутка“, по Груевски ќе биде распишана потерница

Иако во текот на вчерашниот ден и синоќа, судските служби во три наврати го посетиле домот на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, тие не му го доставиле решението за негово заминување на издржување на двегодишната затворска казна.

Откако ќе го добие решението , Груевски ќе мора веднаш да се пријави во затворот „Шутка“, на издржување на затворската казна за набавката на блиндираниот мерцедес. Во понеделник, поранешниот премиер Груевски треба да се јави на рочиште за случајот „Титаник“. Доколку судот утврди дека тој избегнува да го прими решението, ќе се пристапи кон негово спроведување или распишување потерница.

Прочитајте повеќе

Груби: Не се чувствувам виновен за случајот Државна лотарија

Груби: Не се чувствувам виновен за случајот Државна лотарија

Поранешниот вицепремиер Артан Груби пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека не се чувствува виновен за делото …