Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Почитувани,
Им благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и документи на нашата дигитална платформа за борба против корупција и криминал, МИЦКО (https://micko.mk) кои доставија 47 различни пријави за само еден ден. Има и од различни општини, од Охрид, Штип а има и некои многу интересни информации за Скопје
Македонија се крена против корупцијата и криминалот.
Денеска АКТ објавува нова бомба, нов скандал, нови сомнителни милионски тендери.
Фирма со само тројца вработени за период од 2 месеци добива тендери од Владата на Христијан Мицкоски од 74 милиони денари или 1,2 милиони евра.
Милионски суми, мал број на вработени, фаворити за тендери од власта на ДПМНЕ.
Овие факти отвораат сериозни сомнежи за нетранспарентни постапки, фаворизирање и коруптивни тендерски шеми како во досегашните објавени бомби.
Станува збор за фирмата „Сигмоид Гроуп“ ДООЕЛ Скопје, формирана пред само две години.
Фирмата добила тендери од Генералниот секретаријат на Владата на Мицкоски и од СОЗР, истите две владини институции вмешани и во претходните бомби.
И како и во првата бомба, повторно станува збор за IT опрема. Случајно нели?
Првиот договор, со Министерството за финансии, склучен на 13.10.2025 година, вреден околу 60.000 евра.
Само после два дена, има нов договор склучен со Генералниот секретаријат на Владата, вреден 980.000 евра.
И шест недели подоцна, нов државен тендер, овој пат за софтвер за следење на работни процеси во СОЗР, вреден околу 76.000 евра.
Дали причината за ова е близината на сопственикот на фирмата, извесен Ј. Јанкуловски кој дипломирал на Машинскиот факултет, токму на насоката мехатроника и роботика, каде што е Христијан Мицкоски професор?
Ова ли е клучот за вртење милионски тендери од власта на ДПМНЕ, близината со Мицкоски?
АКТ продолжува, работата не е завршена!
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место