AKT СДСМ ја претстави новата платформа против корупција (МИЦКО)

AKT СДСМ ја претстави новата платформа против корупција (МИЦКО)

Прес конференција на Александар Саша Димитријевиќ, СДСМ

Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот Македонски Истражувачки Центар за Корупција и Организиран Криминал или скратено МИЦКО (https://micko.mk/)

Платформата е посветена на истражување и архивирање јавно достапни материјали и извештаи за наводни корупциски операции во Македонија.

Ние ги собираме, анализираме, организираме сите информации од различни извори како би обезбедиле транспарентност и информираност на граѓаните, на јавноста.

Што правиме?

Истражуваме случаи. Длабински прегледуваме тендери, медиумски објави или случаи на корупција, вклучително и проверени судири на интерес и останати сомнителни операции во политиката, јавниот сектор, локалните и државните институции.

Ги архивираме податоците, креираме регистар на наводни случаи со наведени извори, датуми и релевантни детали, овозможувајќи лесен пристап и пребарување.

Промовираме транспарентност: Делиме анализи и известувања како граѓаните но и новинарите, експертите, невладините организации можат да дадат придонес.

На платформата против корупцијата веќе се објавени досегашните бомби на АКТ.

Случајот со една фирма со двајца вработени основана лани која добила тендери од 9 милиони евра.

Случајот со фирма која добила 161 тендер вредни 5,3 милиони евра.

И секако скандалот за преземањето на Алта Банка, со сомнителен капитал, кој НБРМ го дозволила под сомнителни околности.

Од денеска платофрмата е активна и целосно оперативна, на ваше располагање.

Ги повикуваме сите граѓани, невладини организации, истражувачи, новинари, медиуми, да ни се приклучат.

На платформата има можноста граѓаните да пријават корупција и криминал – директно.

Има посебен дел, простор за да се внесат информации и директно да се прикачат документи. Секој граѓанин може да пријави, дури и анонимно.

Почитувани граѓани, пријавувајте! Ние сме вашиот глас. Заедно се бориме против корупцијата и криминалот.

Сите ќе одговараат, од прв до последен!

Ова е заедничка борба за државата, за правдата.

Работата не е завршена.

Прочитајте повеќе

Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција по завршувањето на лидерската средба рече дека …