Активната дипломатија ги унапредува правата на малцинствата

Активната дипломатија ги унапредува правата на малцинствата

Делегацијата на Република Северна Македонија беше предводена од министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми. Адеми ги пофали напорите на Хрватска за поддршка на проектите на македонското малцинство.

„Ние чекориме напред во областа на правата на малцинствата. Во постојана комуникација сме со Хрватите во Северна Македонија. Има уште да се работи во овој правец. Денешните препораки ќе придонесат повеќе да напредуваме”, рече министерот Адеми.

Делегацијата на хрватската влада ја предводи Звонко Милас, државен секретар на Централната канцеларија за Хрватите надвор од Република Хрватска. Милас ги издвои континуираните напори на Владата на Република Северна Македонија во областа на правата на малцинствата, со акцент на Хрватите, охрабрувајќи ги да се продолжи понатаму и во иднина.

„Препораките од претходните средби резултираа со позитивни чекори. Честите средби покажуваат интерес од страна на Владата на Република Северна Македонија процесот да оди напред”, истакна Милас.

Состаноците на ММК излегуваат од Договорот на двете држави, потпишан во 2007 година, во Сплит, а петтиот состанок ќе биде одржан во Скопје, во 2020 година.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …