Актуелно

Актуелни новости од Македонија и светот

Лукаревска до Тошковски: Кој ќе понесе одговорност за институционалните пропусти и за изгубените животи од семејно насилство?

Лукаревска до Тошковски: Кој ќе понесе одговорност за институционалните пропусти и за изгубените животи од семејно насилство?

Пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска на денешната седница за пратенички прашања упати прашање до министерот за внатрешни работи, во кое побара одговор за постапувањето на институциите и утврдувањето на одговорноста на службените лица по серијата случаи на семејно насилство. Во обраќањето, Лукаревска посочи дека долга е листата на семејни насилства …

Прочитајте повеќе »

Околу 80 лица со симптоми на труење со храна откако јаделе во мензата на РЕК Битола

рек битола ЕСМ

Осумдесетина лица вработени во РЕК Битола, со симптоми на труење со храна, вчера побарале медицинска помош, откако јаделе топли и ладни оброци во мензата во компанијата. Како што за Мета информира директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, до овој момент има 35 физички пријави во Центарот за јавно …

Прочитајте повеќе »

Жерновски: Пријателот на Орбан – Мицкоски е руски играч кој ја турка Македонија во изолација од ЕУ

Жерновски: Пријателот на Орбан – Мицкоски е руски играч кој ја турка Македонија во изолација од ЕУ

Прес конференција на Андреј Жерновски, секретар за меѓународна соработка на СДСМ Христијан Мицкоски не само што ја турка Македонија во изолација и, за жал, успеа во тоа, туку опасно ја турна државата во скутот на Виктор Орбан. Зошто? Секако поради бизнис интересите кои ги поврзуваат нив двајца. Зошто е ова …

Прочитајте повеќе »

Извештајот на Јеил ги поврзува руските енергетски гиганти со депортација и индоктринација на украински деца

Извештајот на Јеил ги поврзува руските енергетски гиганти со депортација и индоктринација на украински деца

Извештајот, „Доброволни соучесници: Улогата на „Газпром“ и „Роснефт“ во транспортот и индоктринацијата на децата од Украина“, заклучува „со голема сигурност“ дека компаниите и нивните подружници го олесниле транспортот и/или превоспитувањето на најмалку 2.158 деца од руски окупираните области на Украина помеѓу 2022 и 2025 година. Идентификува шест кампови во Русија …

Прочитајте повеќе »

БРТ: Од критики до клучен проект за Скопје

БРТ: Од критики до клучен проект за Скопје

„БРТ превозот е скап и неефикасен и ќе создаде сообраќаен хаос. Идејата на Петре Шилегов не соодветствува со реалноста и е уште еден маркетиншки трик“. Вака, во 2021 година, ВМРО‑ДПМНЕ, која тогаш беше во опозиција, го критикуваше проектот што го најави тогашниот градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ, Петре Шилегов. Ваквата …

Прочитајте повеќе »

Филипче: Мицкоски не’ стави во скутот на Орбан и на соработници со Русија

Филипче: Мицкоски не' стави во скутот на Орбан и на соработници со Русија

„Што направија Христијан Мицкоски и владата? Не’ ставија во скутот на Орбан. Видовме во текот на вчерашниот ден како унгарскиот министер за надворешни работи, Петар Сијарто, бил тој којшто ги пренесувал сите теми од затворените состаноци на Европскиот совет изминатите години на рускиот претседател Путин“, обвини претседателот на СДСМ, Венко …

Прочитајте повеќе »

Закани и дипломатија: САД бараат излез од војната со Иран

Закани и дипломатија: САД бараат излез од војната со Иран

Американската влада му се закани на Иран со уште поостри напади доколку раководството на земјата не попушти. „Ако не сфатат дека воено се поразени и дека ќе продолжат да бидат поразувани, претседателот (Доналд) Трамп ќе се погрижи да бидат погодени потешко од кога било досега“, изјави портпаролката на владата Каролин Левит. Иако и понатаму има „продуктивни“ …

Прочитајте повеќе »

Слободна Европа на македонски низ годините

Слободна Европа на македонски низ годините

„Зборува Радио Слободна Европа – програма на македонски јазик.“ Со овие зборови на 1 септември 2001 година започна емитувањето на програмата на Радио Слободна Европа на македонски јазик од студиото во Прага. Оттогаш во овие речиси 25 години постоење низ него беа емитувани десетици илјади емисии во кои продефилираа илјадници …

Прочитајте повеќе »