Актуелно

Актуелни новости од Македонија и светот

Премиерот Ковачевски на средба со Мицкоски во рамки на широкиот консултативен процес

Во рамки на широката консултација која започна да се реализира веднаш по добивањето на европскиот предлог, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во текот на денешниот ден ќе ја одржи средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Оваа средба е дел од низата планирани консултативни средби со …

Прочитајте повеќе »

Четирите најголеми лаги на Мицкоски

Соопштение за јавност на СДСМ Лага број 1 на Мицкоски Според него, Ковачевски би направил огромна грешка ако ја одобри оваа рамка бидејќи во тој случај Македонија би влегла во Европската унија асимилирана и бугаризирана. Вистина: Ова е ноторна лага и средство за заплашување на граѓаните. Република Северна Македонија никогаш …

Прочитајте повеќе »

Османи: Во рамката ќе стои македонски јазик, лага е дека има фуснота

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска пред медиумите го образложуваше новиот француски предлог за отпочнување на преговорите со ЕУ, уверувајќи дека прашањето на македонскиот јазик е решено и дека треба да се „демонтираат“ сите лаги поврзани со него. Османи тврди дека во рамката што треба да биде потпишана со …

Прочитајте повеќе »

Се испразнија судовите – 50 судии и обвинители заминаа во пензија

Дел од обвинителите и судиите го исполнуваат условот за во пензија, но поради функциите коишто ги имаат во моментов, остануваат работно ангажирани до крај на мандатот, како на пример Јован Илиевски и Добрила Кацарска. Судовите и обвинителствата во Северна Македонија од петокот се покуси за 50-тина судии и обвинители, коишто мораа …

Прочитајте повеќе »

Ковачевски во телефонски разговор со Шолет: Високо ја ценам поддршката на Стејт департментот во овие клучни моменти за земјата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски вечерва телефонски разговараше со Советникот на Стејт департментот, Дерек Шолет во присуство на амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз. Премиерот Ковачевски изрази огромна благодарност до Стејт департментот и рече дека високо ја цени поддршка и интересот за нашата земја во овие …

Прочитајте повеќе »

Ковачевски: Одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички, согласно стратешките интереси на земјата и на сите граѓани

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска одржа координативна средба со членовите на владината коалиција, на која што ги информираше за содржината на предлогот на француското претседателство. По завршувањето на средбата, премиерот Ковачевски одржа прес-конференција за медиумите. Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски од прес-конференцијата: …

Прочитајте повеќе »

Уапсен за рекет полицаецот Рабреновиќ – екс бодигард на Груевски и близок на Мицкоски

Тројца се уапсени. Тие од оштетениот поради претходен земен заем од 63.500 евра во текот на 2004 година, во 2019 година му побарале околу 440.000 евра. Големо апсење вчера во Скопје. Полицијата го приведе полицаецот Милан Рабреновиќ, поранешен бодигард на Никола Груевски и човек многу близок до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, …

Прочитајте повеќе »

Средната оценка на државната матура годинава е 3,78, лани била 3,61

Од денеска на пладне, се објавени прелиминарните резултатите од државната матура, што е за 12 дена порано од законскиот рок, информираат во Државниот испитен центар (ДИЦ). Оттаму додаваат дека резултатите се испратени до училиштата, а секој кандидат може и електронски да провери што добил на тестот на следниот линк. „Државната матура …

Прочитајте повеќе »