Александар Ѓорѓиоски: Има ли Прилеп градоначалник?

Александар Ѓорѓиоски: Има ли Прилеп градоначалник?

Прес конференција на Александар Ѓорѓиоски, претседател на ЛК СДММ Прилеп

Почитувани,

Четири месеци после одржаните локални избори, најчестото прашање кои го поставуваат нашите сограѓани е: Има ли Прилеп градоначалник?

Бројните ветувања на Борче Јовчески дадени за време на изборната кампања, се покажаа како чиста манипулација со волјата и потребите на граѓаните.

Мртво слово на хартија останаа ветените реконструкции на „Александрија“ и „Арт плоштадот“, како и на амфитеатарот во населбата Варош.

Нема нови зелени површини, обновени фонтани, а од кружните текови ни трага ни глас. Голема и бесрамна лага испадна и ветеното намалување на сметките за вода.

И не само што немаат капацитет да ги реализираат проектите од нивната изборна програма, туку неспособноста на Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ уште повеќе доаѓа до израз во незнаењето да ги продолжат наследените проекти, започнати од претходната локална власт.

Единствената работа во која Борче Јовчески се докажа во изминатите 120 дена, е практикувањето на непотизам и вдомувањето партиски војници на ДПМНЕ.

Граѓаните на општина Прилеп не дознаа по кои критериуми за директор на ЈКП „Водовод и канализација“, Јовчески го именуваше својот другар, Игор Гулабоски?

Исто како што остана нејасно, дали и сопругата на директорот Гулабоски, Паце Гулабоска, е вработена во Општина Прилеп?

Сепак, врв на срамот, заради што Општина Прилеп стана предмет за потсмев во целата држава, е одлуката на Јовчески за шеф на кабинетот да ја именува медицинската сестра од неговата приватна амбуланта, Маја Костадиноска.

Почитувани граѓани,

Ова се „резултатите“ од досегашното владеење на Борче Јовчески.

Резултати нема и нема да има.

И додека градот тоне во мрак и нечистотија, јавноста нема никаква дилема дека Борче Јовчески е најлошиот градоначалник во историјата на општина Прилеп!

Прочитајте повеќе

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Кандидатот за пратеник на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче, денеска е …