Александар Ѓорѓиоски: Градиме нова македонска развојна економија во која растат платите и пензиите

Александар Ѓорѓиоски: Градиме нова македонска развојна економија во која растат платите и пензиите

Изјава за медиуми на Александар Ѓорѓиоски, кандидат за пратеник на СДСМ во ИЕ 4

Почитувани,

За двеипол години направивме пресврт на подобро. Покажавме дека со чесен и одговорен пристап, може да се направи многу за интересите на граѓаните.

Направивме многу, но можеме уште повеќе и уште подобро.

Имаме понуда која носи нова македонска развојна економија, понуда која ги штити работниците и носи повисоки плати и нови работни места.

Платите во сите сектори ќе продолжат да растат!

Минималната плата, која ние ја покачивме на 14.500 денари, до крајот на мандатот ја креваме на 20.000 денари. Тоа значи повисока минимална плата за цели 120 отсто, од оние 9.000 денари колку што изнесуваше во 2016 година за време на ДПМНЕ!

Просечната плата во државата, до крајот на мандатот ќе ја кренеме на 34.000 денари. Покажавме дека знаеме, умееме и можеме да ги качуваме платите.

Со засилно темпо продолжува и повратот на парите кај граѓаните! Прагот за месечен поврат на ДДВ го креваме од 600 на 800 денари месечно! Стотици илјади граѓани ќе продолжат да бидат фискални инспектори.

До крајот на мандатот ќе ја вратиме нашата економија на солиден и одржлив раст од 4 отсто.

Пензиите ќе растат заедно со платите, постојано. Најниските пензии ќе ги покачиме за 21 отсто.

Почитувани,

Од една страна е концептот „Можеме“, кој е чесен, препознаен, автентичен, македонски модел за напредок, а од друга страна е ВМРО-ДПМНЕ која ги краде парите од граѓаните.

СДСМ ги враќа парите назад кај граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ нуди обнова на истиот режим со кој парите завршуваа во белиот дворец.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа против зголемена минимална плата, против покачување на пензиите,  против проектот „Мој ДДВ“, со кој за првпат државата враќа пари на сметките на граѓаните.

На 15 јули граѓаните ќе го потврдат правиот пат по кој се движиме.

Заедно можеме уште повеќе и уште подобро.

Прочитајте повеќе

СДСМ: РЕК Битола не работи, Божиновска и ДПМНЕ се неспособни да го менаџираат енергетскиот систем

СДСМ: РЕК Битола не работи, Божиновска и ДПМНЕ се неспособни да го менаџираат енергетскиот систем

Соопштение за јавност на СДСМ Нашиот најголем капацитет за производство на струја, РЕК Битола не …