Алексеј Навални уапсен по пристигнувањето во Москва

Алексеј Навални уапсен по пристигнувањето во Москва

Најголемиот руски опозиционер и остар критичар на власта, Алексеј Навални по неговото пристигнување на московскиот аеродром Шереметјево е уапсен откако ја минал пасошката контрола, јавија руски медиуми.

Алексеј пристигна на аеродромот синоќа во 20 часот по московско време, по пет месеци откако падна во кома откако беше затруен со бојниот нервен отров Новичок и пренесен на лекување во Берлин.

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, повика Навални да биде веднаш ослободен..

„Приведувањето на Навални по доаѓањето во Москва е неприфатливо“, рече Мишел.

Според руските медиуми, апсењето е со образложение дека Навални во Германија не ја исполнил обврската да ги информира руските власти за местото на престој во текот на неговата условна казна. За тоа дали Навални ќе оди в затвор или ќе биде пуштен на слобода ќе решшаа надлежен суд во вторник.

Прочитајте повеќе

Кога Фолксваген ќе кивне, Волфсбург се разболува

Кога Фолксваген ќе кивне, Волфсбург се разболува

Првпат во историјата Фолксваген планира затворање погони во Германија и масовни отпуштања. Во Волфсбург, каде …