Амбасадата на Украина со апел, медиумите да ги проверуваат информациите пред да ги објават

Амбасадата на Украина во земјава испрати апел до македонските медиуми внимателно да ги проверуваат информациите кои ги објавуваат и да користат проверени извори.

Во соопштение до медиумите тие го пренесуваат ставот на украинското Министерство за надворешни работи, кое се обрати до сите меѓународни партнери со апел да го осудат гранатирањето на Станица Луганска и Врубивка во Луганската област од страна на милитантите.

„За само неколку часа, снимката од гранатирањето, која беше објавена на страницата на Операцијата на Здружените сили (ООС), руските пропагандисти ја искористија на свој начин. Така, руските „Вести на Првиот канал“ го објавија видеото од прес-службата на ООС на тој начин што украинските војници наводно пукале врз едно од населените места на територијата на ОРЛО“, се вели во соопштението на Украинската амбасада во Скопје.

И рускиот весник „Комсомолскаја Правда“ ги искривил информациите и фотографии од видеото од гранатирањето на градинката биле објавени со наслов „Украина организираше гранатирање на градинка во Донбас“.

Од Украинската амбасада во Скопје велат дека Руската Федерација покажала цинизам на највисоко ниво, со тоа што не само што не го кријат сопственото злосторство, туку и за истото ја обвинуваат спротивната страна.

Украинското Министерство за одбрана и Министерство за внатрешни работи денеска организирале и патување до местото на настанот во Луганската област за над 20-тина западни медиуми, кои треба да достават информации од терен што навистина се случило на 17 февруари во Станица Луганска.

Службата за безбеност на Украина веќе отворила кривична постапка за гранатирањето на цивилни објекти во Луганската област.

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал-полковник Валериј Залужниј во изјава за медиумите истакна дека во некои населени места од привремено окупираните територии, особено во Доњецк, се планира евакуација на локалното население поради можно влошување на состојбата.

Од Украинската амбасада во Скопје го пренесуваат официјалното известување на украинските вооружени сили дека строго се придржуваат до договорите од Минск и нормите на меѓународното хуманитарно право и не планираат офанзивни операции или пукање врз цивили. Акциите на украинските сили се исклучиво од одбранбен карактер.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …