Амбасадорите Кејт Мари Брнс и Самуел Жбогар го честитаа формирањето на новата влада

Амбасадорите Кејт Мари Брнс и Самуел Жбогар го честитаа формирањето на новата влада

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнс на својот Твитер профил упати честитки до премиерот Зоран Заев и до мнозинството за формирањето нова влада.

„Честитки до премиерот Зоран Заев и до парламентарното мнозинство по повод формирањето на новата влада. Како пријател и партнер, очекувам соработка со Владата кон континуиран напредок во однос на реформските цели на ЕУ и одлучна заложба за владеење на правото“, напиша амбасадорката Брнс.

Честитки за новата влада испрати и амбасадорот на Европската Унија во заминување, Самуел Жбогар.

„Честитки до Зоран Заев и членовите на владата. Им посакувам успех во испораката на амбициозна програма за реформи, во интерес на граѓаните и во корист на патот на МК во Европската Унија. Потребно е единство на сите засегнати страни во општеството за брзо напредување на агендата на ЕУ“ објави на својот твитер профил, амбасадорот Жбогар.

Инаку синоќа собранието на РСМ, со 62 пратенички гласа „ЗА“ ја избра новата влада предводена од Зоран Заев. На седницата присуствуваа 115 пратеници, од кои 113 пратеници се одлучија да го дадат својот глас. Против предложениот состав на новата влада гласаа 51 пратеник.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …