Амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда во посета на Крушево
dav

Амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда во посета на Крушево

Амбасадорката на Јапонија во Република Северна Македонија, Кеико Ханеда денеска беше во посета на Крушево при што оствари средба со градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски и се запозна со историјата и традицијата на градот.

На средбата меѓу амбасадорката Ханеда и градоначалникот Христоски, се разговараше за соработка во инфраструктурни проекти и искористување на можностите кои нуди јапонската амбасада.

„Остваривме една пријатна средба, за која верувам дека е само почеток на суштинска соработка меѓу нашата општина и амбасадата на Јапонија. Ние веќе аплицираме до јапонската амбасада за средства со кои би решиле уште еден суштински проблем на граѓаните на општината“, изјави градоначалникот Христоски.

Амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда ги посети галеријата „Никола Мартиноски“ и споменикот „Илинден“, преку кои се запозна со она што најдобро го карактеризира Крушево. Исто така, амбасадорката се запозна и со условите за туризам, а особено покажа интерес за првенството во параглајдинг кое преку Проектот за локална и регионална конкурентност, во моментов се одржува во Крушево.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …