Американската воена опрема пристига во Албанија пред вежбата на НАТО

Американската воена опрема пристига во Албанија пред вежбата на НАТО

Големо количество американска воена опрема пристигна во албанското пристаниште Драч пред големата вежба на НАТО во таа земја. Околу 700 парчиња воена опрема на Националната гарда на Флорида пристигнаа во Драч, вклучувајќи голем број возила за кои американските власти велат дека не биле видени во Албанија од крајот на Втората светска војна. Опремата ќе се користи за време на двонеделна вежба со учество на околу 6.000 американски војници во шест албански воени бази. Вежбата ќе се одржи во Албанија од 17-ти до 2-ри јуни, како дел од големата меѓународна воена вежба „Бранител на Европа 21“, предводена од Соединетите држави, која се фокусира врз спречување на агресијата и развој на оперативна подготвеност со голем број сојузници.

Американските власти го пофалија начинот на кој ги примија во Албанија, како и добрата храна и природните убавини на таа земја. Претставникот на командата на американската армија за Европа и Африка, Теми Макенфус, изјави дека Албанија е „неверојатен домаќин кој срдечно ги пречека сите војници“ на САД. Околу 28.000 војници од Соединетите држави и сојузничките земји учествуваат во вежбата „Бранител на Европа 21“ годинава. Операциите ќе бидат изведени на повеќе од 30 полигони за обука, во повеќе од десет земји, од Балтикот преку Црното Море и Балканот до Африка. Албанија, членка на НАТО од 2009 година, ќе придонесе за вежбата со учество на 1.000 војници.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Трамп може да се кандидира и од затвор

Трамп може да се кандидира и од затвор

Ова никогаш не се случило во историјата на САД. Идниот кандидат и, можеби, претседател Доналд …