Американскиот претседател Трамп и неговата сопруга Меланија се позитивни на ковид-19

Американскиот претседател Трамп и неговата сопруга Меланија се позитивни на ковид-19

Претседателот на САД, Доналд Трамп преку социјалните мрежи потврди дека тој и неговата сопруга Меланија се позитивни на корона вирус.

„Вечерва, првата дама и јас бевме тестирани за ковид-19 и сме позитивни. Веднаш ќе започнеме процес на карантин и закрепнување. Заедно ќе го поминеме ова” објави Трамп на својот Твитер профил.

 

По позитивниот тест за ковид-19, на својот Твитер профил се огласи и Меланија Трамп која напиша дека со сопругот се во карантин откако биле тестирани позитивни.

„Се чувствуваме добро, ги откажав сите планирани активности. Ве молам, останете безбедни, низ сето ова ќе поминеме заедно“ објави Меланија на Твитер.

Оваа вест доаѓа неколку часа подоцна откако Трамп изјави дека неговата блиска соработничка Хоуп Хикс е позитивна на ковид-19, поради што тој и неговата сопруга Меланија се тестирале за вирусот.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Рускиот државјанин Јури Коховац денеска (22 април) беше осуден од судот во Москва на пет …