Путин

Американскиот Сенат едногласно го прогласи Путин за воен злосторник

Сенатот на САД едногласно усвои резолуција со која се осудува рускиот претседател Владимир Путин како воен злосторник. Резолуцијата беше претставена од републиканскиот сенатор Линдзи Греам и поддржана од сенаторите на двете страни.

„Сите ние се здруживме, демократите и републиканците, за да кажеме дека Владимир Путин не може да ја избегне одговорноста за злосторствата извршени врз украинскиот народ“, рече лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер во говорот на сенатот пред почетокот на седницата.

Русија ги нарекува своите дејствија „специјална воена операција“. Путин, исто така, ја нарече Украина колонија на САД со марионетски режим и без традиција на независна државност.

Москва не зазеде ниту еден од 10-те најголеми градови во земјата по нејзината инвазија која започна на 24 февруари, што претставува најголемиот напад врз европска држава од 1945 година.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …