Американските пратеници ветија дека ќе ја „бранат“ агенцијата УСАИД

Американските пратеници ветија дека ќе ја „бранат“ агенцијата УСАИД

Демократските претставници на Конгресот го оспорија очигледниот обид на администрацијата на Трамп да ја спои Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) со Стејт департментот, што го доведува во прашање финансирањето на програмите за помош ширум светот, вклучително и милијарди долари развојна помош за Украина.

Пратениците се собраа пред главната канцеларија на УСАИД во центарот на Вашингтон на 3 февруари за да го критикуваат, како што го нарекоа овој „незаконски маневар“ на извршниот директор на Тесла и SpaceX, Илон Маск, кој е задолжен од претседателот Доналд Трамп да ја намали администрацијата.

Демократските пратеници одржаа митинг во знак на протест по извештаите дека на вработените во агенцијата им било кажано да не доаѓаат на работа на 3 февруари, а потоа им бил оневозможен пристап до официјалните е-пошта и други сметки.

Пратениците кои зборуваа пред седиштето на агенцијата во Вашингтон, ја бранеа работата на УСАИД и рекоа дека акциите се мешаат во ингеренциите на Конгресот.

„Ние немаме четврта влада наречена Илон Маск. И тоа ќе стане многу јасно“, рече претставникот Џејми Раскин (демократ од Мериленд). Тој додаде дека не ги знае мотивите на Маск, „но тие немаат никаква врска со она што беше законски донесено од народот на Соединетите Држави преку Конгресот на Соединетите Држави. Ќе ја браниме УСАИД до крај“.

Сенаторот Крис Марфи (демократ од Конектикат) рече дека потегот создаде уставна криза и вети дека ќе се бори против неа.

„Народот одлучува како ќе се трошат нивните даночни пари. Илон Маск не одлучува“, рече тој, исто така говорејќи пред зградата на УСАИД. Марфи го нарече овој потег обид „да се предаде оваа влада на неколку неизбрани милијардери и корпоративни интереси, и ние нема да им дозволиме да го сторат тоа“.

УСАИД е независна владина агенција основана од Конгресот во 1961 година и има приближно 10000 вработени ширум светот. Таа е главната агенција за меѓународна помош на американската влада и добива десетици милијарди долари годишно од Конгресот за финансирање програми во некои од најсиромашните земји во светот. Овие програми вклучуваат ублажување на сиромаштијата, здравствени програми, помош при катастрофи и програми за промовирање на демократијата и одбрана на човековите права.

Во неодамнешниот извештај на Конгресната служба за истражување (ЦРС) се наведува дека во фискалната 2023 година, УСАИД управувала со повеќе од 40 милијарди американски долари заеднички средства за поддршка на проекти во околу 130 земји. Трите најголеми приматели на помош беа Украина, Етиопија и Јордан. Авганистан е исто така еден од првите 10 приматели на средства од УСАИД.

Државниот секретар Марко Рубио потврди дека тој е вршител на должноста директор на УСАИД, но рече дека го делегирал таа овластување за да не управува со секојдневните операции. Тој преку писмо го информира Конгресот за реорганизацијата на агенцијата, велејќи дека некои делови од УСАИД би можеле да бидат апсорбирани од Стејт департментот, додека останатите би можеле да бидат елиминирани.

Овој потег „не значи крај на програмите што ги прави УСАИД“, туку превземање на политичките насоки од Стејт департментот, рече Рубио.

Говорејќи во Ел Салвадор за време на посетата на Јужна Америка, Рубио рече дека со години бил фрустриран од УСАИД поради, како што рече, одбивањето на агенцијата да одговори на политичките директиви од Стејт департментот.

„Агенцијата мора да биде усогласена со американската надворешна политика“, рече тој.

Рубио нагласи дека парите што ги добива УСАИД се пари од даночните обврзници, но дека агенцијата станала „глобална добротворна организација одвоена од националниот интерес“.

Сенаторот Пети Мареј (демократ од Вашингтон) го обвини Маск за преземање акција против УСАИД додека SpaceX ќе добие милиони долари од владините договори со Пентагон.

Но, Белата куќа беше категорична дека агенцијата мора да се реформира, објавувајќи изјава во која се истакнуваат „злоупотребите“ за кои се вели дека постојат во УСАИД, вклучително и 1,5 милиони долари за „унапредување на различноста, правичноста и вклучувањето во работната сила и деловните заедници на Србија“.

Доделени се и средства за продукција на „трансродова опера“ во Колумбија, „трансродовиот стрип“ во Перу и за „промена на полот и ЛГБТ активизам“ во Гватемала.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Прес-конференција на Петра Лукароска, претседателка на ОО СДСМ – Прилеп

СДСМ Прилеп: Владата на СДСМ обезбеди средства за вработување на 79 лица во болницата, ДПМНЕ ја стопираше постапката

Прес-конференција на Петра Лукароска, претседателка на ОО СДСМ – Прилеп Изјавата на надлежните од прилепската …