Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Од 06:15 на регионалниот пат Демир Хисар – Кичево во близина на рибникот Белица, има одрони од поголеми карпи и сообраќајот се одвива само по една коловозна лента.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.