врнежи од снег

АМСМ: Поради врнежи од снег и појава на голомразица, се препорачува внимателно управување со возилата

Информација на АМСМ за состојбата на патиштата:

Поради обилни врнежи од снег, утринава е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово.

Во северните и североисточните краеви на земјата поради паѓање на снег и дожд сообраќајот се одвива по влажни коловози додека во останатите делови на земјата сообраќајот се одвива по местимично влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км. пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …