OLYMPUS DIGITAL CAMERA

АМСМ: Поради врнежи од снег, забранет сообраќај за камиони на превојот „Стража“ и патниот правец Маврово-Дебар

Информација на АМСМ за состојбата на патиштата:

Поради обилни врнежи од снег, утринава е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар и Кичево-Гостивар, на превојот „Стража“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција од дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“. Снег врне во Крива Паланка, Маврово и Попова Шапка.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …