АМСМ: Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на возачите им се препорачува прилагодена брзина на движење

АМСМ: Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на возачите им се препорачува прилагодена брзина на движење

Информација на АМСМ за состојбата на патиштата:

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На патниот правец Тетово – Попова Шапка има остатоци од кашест снег по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат.

Забрана за тешки моторни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, каде дополнително забраната важи за камиони и автобуси, а за останатите е задолжителна употребата на зимска опрема.

Од 08:00 часот утринава, укината е забраната за тешки моторни возила на патниот правец Крак Маврово – Дебар.

Сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прочитајте повеќе

ДИК: До 13 часот на гласање излегле 1.150 гласачи

ДИК: До 13 часот на гласање излегле 1.150 гласачи

Во споредба со гласањето на 8 мај, до 13 часот, на ова прегласување се забележува …