врнежи од снег

АМСМ: Сообраќајот во земјата се одвива по влажни коловози, на планинските премини има врнежи од снег

Информација на АМСМ за состојбата на патиштата:

Утринава сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Маврово и на планинските премини Стража, Буково и Пресека. Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 60м. има на патниот правец Куманово – Страцин и до 80м. на планинскиот премин Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км. пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …