АМСМ: Внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите

АМСМ: Внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите

Утринава од 06:45 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег има во Прилеп, Железнец, Неготино, Демир Капија, Удово, Крушево и на планинските превои Плетвар и Буково. Со помал интензитет од врнежи на снег има на Попова Шапка, Маврово и Агино-Миладиновци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км. пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …