АМСМ: За влез во Грција, на „Богородица“ се чека 30 минути

АМСМ: За влез во Грција, на „Богородица“ се чека 30 минути

Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на граничниот премин Богородица, каде за излез од државата се чека околу 30 минути.

Исто така, од АМСМ нагласуваат дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер, заради што до сите возачи се упатува апел да не го користат автопатот.

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …